Фудбалерките на ЖФК СЦ Истатов се нови шампионки на Македонија, откако славеа со 0-4 против Речица и ја осигураа титулата во Првата лига во женска конкуренција. Стрелец на сите четири гола за „истатовки“ беше напаѓачот Ели Јаковска.
Ова е историска прва шампионска титула за тимот на СЦ Истатов, кој ќе се бори и за вториот трофеј во оваа сезона, во Купот на Македонија на 31 мај против ЖФК Тиверија Струмица. Главен спонзор на СЦ Истатов е голманската фудбалска легенда Благој Истатов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА