Металург лесно го реши Пелистер, Алушовски тргна со пораз

Седмото коло од ракометниот плејоф беше комплетирано со денешниот дуел меѓу Металург и Пелистер, на кој домашниот тим славеше рутинка победа од 31-25. Овој меч воедно претставуваше и тренерско деби на Стевче Алушовски на клупата на битолчани, но долгогодишниот репрезентативец не успеа да приреди изненадување на гостувањето против својот поранешен клуб.

Металург не дозволи гостите ниту за момент да се понадеваат на чудо во Авокоманда, откако на самиот почеток избраниците на Лино Червар поведоа со 8-3, потоа рутински контролирајќи го резултатот до самиот крај. „Металурзите“ имаа најубедливи „плус осум“ кон средината на второто полувреме, кога поведоа со 23-15, по што рутински го приведоа мечот до крај, за конечна победа од 31-25.

Со овој триумф домашните ракометари покажаа дека експресно го надминаа убедливиот пораз во дербито со Вардар минатото коло.

Се вчитува...