Бенфика ја продолжи својата доминација во португалскиот фудбал откако вечерва славеше над Гимараеш со убедливи 5-0, ставајќи печат на новата шампионска титула. Тимот предводен од тренерот Руи Виторија импресивно го одигра денешниот дуел, стигнувајќи до убедлив триумф со головите на Жонас 9два), Черви, Хименез и Пици.
За „црвено-белите“ ова е вкупно 36. титула во клупската историја, но интересно е што за првпат се случува Бенфика да освои четири шампионски трофеи во низа.
Второто место сезонава ќе го освои тимот на Порто, додека Спортинг предводен од екстренерот на Бенфика, Жорге Жесус, ќе мора да се задоволи само со третата позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА