Иако кошаркарите на Бостон на една минута и 15 секунди пред крајот имаа пет поени предност, Џон Вол не дозволи Вашингтон во својата арена да заврши со пораз во шесттиот натпревар од плеј0ф серијата во НБА лигата. Па на крајот, Вашингтон славеше со 92-91 израмнувајќи во серијата на 3-3 со што изборија седми натпревар.
Во првото полувреме од мечот Вашингтон на моменти имаше и 10 поени предност, но Бостон со серија од 1-12 во финишот на првиот дел заминува на одмор со предност.
Во второто полувреме низ максимална израмнетост, сепак Бостон во последната минута влегува со пет поени предност. Ал Хорфорд на 7,7 секунди пред крајот погодува за 91-89, и кога сите мислеа дека Бостон оди во финалето на Истокот, сепак Вол на три секунди пред крајот со тројка носи победа за Вашингтон.
Најефикасен во победата на Вашингтон беше Бредли Бил со 33 поени, а Вол дополни со 26 поени, плус и осум асистенции. Маркиф Морис постигна 16 поени, дополнети и со 11 скока.
Одличната партија на тројката на Бостон, Бредли, Томас и Хорфорд не беше доволна за триумф. Томас и Бредли постигнаа по 27 поени, а Хорфорд постигна – 20 поени. Мајсторката се игра во понеделник, а победникот во финалето на Истокот ќе игра со Кливленд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА