Првиот чувар на мрежата на Барселона, Марк Андре Тер Штеген, го продолжи договорот со каталонскиот клуб до 2022 година. Засега не се познати деталите околу заработката на чуварот на мрежата и бонусите што ќе го добива за успешни резултати на „Камп Ноу“ во наредниот период.
Големиот интерес за 25-годишниот Тер Штеген го натера каталонскиот тим да ги осигура неговите услуги, бидејќи Сити минатата година им го „украде“ Клаудио Браво, а тој потег на Гвардиола се покажа како неуспешен, па шпанскиот стратег сакаше да се поправи токму со германскиот голман. Сепак, сега Пеп ќе мора да бара алтернатива на друго место.
Тер Штеген e веќе трета сезона во Барселона, пристигна од германскиот клуб Борусија Менхенгладбах во 2014 година за 12 милиони евра, a сега е еден од најплатените голмани во светот. Од неговото деби за германската репрезентација во 2012 година има забележано само девет настапи, со оглед дека прв голман на светскиот првак е Мануел Нојер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА