Тренерот на Баерн Минхен, Карло Анчелоти, и францускиот интернационалец Франк Рибери се во екстремно лоши односи, а тоа е и причина за крилниот играч да размислува за напуштање на „Алијанц арена“ ова лето, откриваат медиумите во Германија. Тој не е задоволен од статусот што го има кај италијанскиот стратег, јавно истакнувајќи дека сака промени во стручниот штаб на клубот. Тоа најверојатно нема да се случи, со оглед дека раководството на клубот му даде поддршка на Анчелоти и покрај скромната сезона во која е освоен само еден трофеј, па Рибери размислува тој да ја напушти „Алијанц арена“.
Расправијата меѓу Анчелоти и Рибери започна на реванш мечот од четвртфиналето во Лигата на шампионите, кога Италијанецот предвреме го повлече францускиот фудбалер од теренот на дуелот на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал Мадрид. Рибери јавно му одбруси на Анчелоти, а овој му одговори многу едноставно „Смени ме, ако можеш“. Оттогаш, нивните односи одат во уште полоша насока, а најверојатно ќе кулмнинираат ова лето со разделба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА