Лина Ѓорческа прикажува фантастични игри на турнирот во Рим, каде најдобрата македонска тенисерка ги „меле“ своите противнички. Откако вчера ја декласираше Романката Дука со 6-0, 6-0, Ѓорческа денеска повторно беше импресивна, во четвртфиналето препуштајќи и само еден единствен гејем на Чилеанката Даниела Сегуел.
Ривалката од Чиле влезе во мечот како шеста носителка на турнирот, но тоа беше само мотив повеќе за Ѓорческа (втора носителка) да прикаже извонредна игра и да триумфира со преубедливи 6-1, 6-0.
Македонката за ривал во полуфиналето ќе ја има Џулија Граблер од Австрија, која во денешното четвртфиналето славеше над Хон од Австралија со 7-6, 6-4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА