Во Формула 1 доаѓа и втор Фетел?

Фабијан Фетел, помладиот брат на возачот на Ферари, Себастијан Фетел, е новата ѕвезда во мотоспортот и нова надеж за Формула 1. Откако младиот Фетел почна да настапува во трките на Ауди ТТ Купот, германската јавност се надева дека еден ден може да влезе и во Формула 1 и дека повторно ќе имаат братски тандем како во времето на Михаел и Ралф Шумахер.

Покрај Мајк Шумахер (18) син на славниот Михаел Шумахер и 18-годишниот Фабијан Фетел полекаа гради својата возачка кариера и се повеќе го привлекува вниманието на јавноста. За разлика од некои нивни врсници кои се блиску, или како Ленс Строл, веќе возат во најелитното автомобилско натпреварување, Мик и Фабијан одат чекор по чекор. Мик Шумахер сезонава вози во Формула 3, а Фабијан Фетел донеодамна возеше картинг. Од оваа сезона тој дебитираше во Ауди ТТ Купот, трки кои служат како увертира за ДТМ кое е многу популарно натпреварување во Германија.

sebastian-und-fabian-vettel

„Отсекогаш ме интересирало ова. Роден сум во „кампер“ и целиот свој живот сум на патеката“ – и се претстави на јавноста помладиот Фетел.

Тој засега се уште е далеку од кариерата на својот брат кој е четирикратен шампион во Формула 1, но се надева дека еден ден сигурно ќе седне во болидот, а Германија одново ќе има силен братски тандем во најелитното натпреварување.

Се вчитува...