Видео: Јуве стравува, во финалето без Манџукиќ?!

Од таборот на Јувентус стравуваат од мислата дека во финалето италијанскиот претставник ќе мора да настапи без Марио Манџукиќ, откако се појави снимка како хрватот со лакот намерно го удира играчот на Монако, Фабињо, при еден дуел да стигне топката.

Целокупната ситуација се случи откако играчите на Монако не сакаа да ја прекинат играта откако Игуаин се најде на земјата по немилосрдниот старт на Глик врз Аргентинецот. Фабињо на спротивната страна од теренот се најде меѓу Алекс Сандро и Манџукиќ, Хрватот го удри со лакотот, а овој падна држејќи се за лицето. Можеби Фабињо малку ги покажа и актерските способности, но јасно се гледа дека хрватскиот репрезентативец го удри со лакотот во пределот на вратот. Оваа случка не ја виде судијата Кујперс, па затоа се очекува реакција од УЕФА и можна казна за Манџукиќ.

Алегри сезонава му најде место на Манџукиќ во тактиката и го користи на најдобар можен начин. Хрватот настапува на левата крилна позиција, но врши многу задачи и во дефанзивата. Тој се враќа назад, помага во одбраната, а стигнува да постигне гол и да асистира кога е потребно.

Фановите на „старата дама“ сигурно нема да бидат среќни доколку нивниот тим во финалето настапи без еден од најважните играчи на Алегри во оваа сезона.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=hwaZ-GBcFHU

Се вчитува...