Џанлуиџи Буфон по пет натпревари конечно прими гол во нокаут-фазата од Лигата на шампионите, но тоа не го наруши одличното расположение кај голманот на Јувентус, кој ќе има уште една шанса да го нападне трофејот што му недостига – оној од Лигата на шампионите.
„Не бев сигурен дали ќе ми се укаже уште една можност, но тоа е само доказ дека секој треба секогаш да верува во своите соништа. Беше многу тешко, без оглед на предноста од првиот меч. Ако влезевме во мечот со ароганција и опуштање, сигурно ќе се соочевме со огромни проблеми. Сепак, го покажавме вистинскиот менталитет, ги надминавме проблемите со напорна работа и сега сме во финалето. Сепак, од друга страна знаеме дека самиот пласман во финалето не значи ништо ако не се стигне до пехарот. Секако дека сум пресеќен, бидејќи сум дел од голем клуб со одлични соиграчи, кои ми овозможија да настапам на уште едно финале во Лигата на шампионите“ – задоволен беше Џанлуиџи Буфон по вечерашниот реванш со Монако.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА