Португалскиот интернационалец Кристијано Роналдо доби слободен викенд од тренерот Зинедин Зидан, воопшто не беше во составот на „кралевите“ за саботното гостување против Гранада, а тој го искористи на најдобар можен начин. Со својата девојка замина на прекрасен викенд на Ибица, користејќи го максимално времето за да се одмори пред новите искушенија.
Роналдо и неговата девојка Георгина беа ‘уловени’ од папараците како уживаат во убавините на Ибица, каде што допатуваа во приватен авион.
Од вчера Португалецот е повторно во тренажен процес, подготвувајќи се за утрешниот реванш од полуфиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. На првиот меч, токму тој ги постигна сите три гола за „кралскиот клуб“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА