Македонија за само еден гол (30-29) остана покуса од Исланд на гостувањето во Рејкјавик, иако прикажа навистина квалитетна игра и ги намачи домаќините во квалификацискиот меч за пласман на ЕП. Го признава тоа и Олафур Гудмундсон, десниот бек на исландската ракометна репрезентација, кој беше најефикасен во противничкиот состав со седум постигнати гола.
„Најважно е што нашите амбиции за пласман на ЕП се уште се живи. Успеавме да победиме една навистина квалитетна селекција. Долго време се обидувавме да го скршиме нивниот отпор, но Македонците играа одлично се до самиот крај. Можеби посакувавме и победа изразена со повеќе голови разлика, повеќе од тоа што ние загубивме во Скопје, но математиките секогаш не излегуваат и на терен. Сепак, победата е многу важна за нас, а Македонија е репрезентација за респект“, изјави Олафур Гудмундсон за исландските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА