Навивачите на Милан со фантастичен гест: Респект за легендата Франческо Тоти

Треба да бидете вистинска фудбалска легенда за и противничките навивачи да ви покажат респект. Токму таков е Франческо Тоти, принцот на Рим, кој на крајот од оваа сезона ќе ја заврши својата неверојатна 25-годишна фудбалска кариера. Беше еден од најпосакуваните фудбалери на планетата, но остана верен на Рома во целиот свој фудбалски век. Тоа не може да не се почитува.

Фантастичен гест направија навивачите на Милан синоќа на „Сан Сиро“, истакнувајќи транспарент за Франческо Тоти. И тоа оние најтврдокорните фанови на „росонерите“.

„Јужната трибина му оддава почест на големиот ривал Франческо Тоти“, пишуваше на транспарентот што го истакнаа најверните навивачи на Милан.

Се вчитува...