Кошаркарите на Кливленд се пласираа во полуфиналето од плејофот на Истокот во НБА лигата со четвртата победа во низа над Торонто.
Бранителот на титулата на гостински терен славеше со 109-102, па во битката за финалето ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Бостон и Вашингтон.
Торонто на мечот беше без првиот плејмејкер Кајл Лаури, ја бркаше постојано предноста на гостите, но не успеа да ја стигне. Најефикасен во победничкиот тим беше Леброн Џејмс со 35 поени, девет скока и шест асистенции, а конечно вистинска поддршка доби од Кајри Ирвинг, кој постигна 27 поени, дополнети и со 9 асистенции. Одлична партија пружи и Кајл Корвер, за 27 минути постигнувајќи 18 поени.
Вашингтон израмни со Бостон во полуфиналето на Истокот на 2-2, додека истото го направи и Хјустон кон израмни на 2-2 во серијата на Западот против Сан Антонио.
Вашингтон до победата од 121-102 против Бостон дојде благодарение на одличната игра во третата четвртина (42-20) во која имаа неверојатна серија од 26-0.
Од друга страна, Хјустон четвртото тексашко дерби го реши во своја корист победувајќи со 125-104, благодарение на 19 погодени тројки, но сега им треба нов брејк во Сан Антонио доколку сакаат финале во конференцијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА