Вардар со победата од 6-0 против Македонија ЃП денеска и официјално си ја обезбеди 11-та шампионска круна во историјата. На четири кола пред крајот на сезоната „црвено-црните“ обезбедија титула, иако официјално пехарот ќе добијат во последното коло на 31. мај против Силекс на „Телеком арената“ во Скопје.
Па, останува со навивачите да слават на 31. мај… А, до тогаш, денеска си се одлучија на интерно славје во соблекувалната, залиено со шампањско…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА