ЕКИПА во Будимпешта,Билјана Б.Петрушева, Игор Паневски „Црвено-црните“ беа во шок по разочарувачката завршница од големото финале. Голем дел од нив со солзи во очите ги примија сребрените одличја во салата „Ласло Пап“, а меѓу најтажните беше Андреа Кликовац, која се појави на церемонијата со маица со ликот на својот татко.Само за потсетување, таткото на Кликовац почина при посетата на Скопје пред дуелот од главната фаза меѓу ЖРК Вардар и Будуќност, семејна трагедија што силно ја погоди црногорската ракометарка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА