Баже Илијоски го израмни рекордот на Чоко Бошковски!

Поранешниот македонски репрезентативец Баже Илијоски се запишува во историјата на македонскиот фудбал, откако го израмни рекордот на легендарниот Зоран Бошковски – Чоко по бројот на постигнати голови на прволигашката сцена во шампионатите на Македонија!

Илијоски денеска на дуелот од 32. коло во Првата македонска фудбалска лига два пати се запиша во листата на стрелците во победата од 3-0 на Пелистер против Ренова.

Со тоа, Баже Илијоски стигна до бројката од 125 погодоци во шампионатите на Македонија, со што се израмни со Бошковски кој досега осамен љубоморно ја чуваше оваа бројка. Илијоски најголемиот број од головите ги постигна во дресот на Работнички, дел во Металург а последните од оваа сезона за Пелистер. До крајот на првенството, во последните четири кола, за него останува желбата и осамено да стигне до рекордот на Македонија…

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ДВАТА ДЕНЕШНИ ГОЛОВИ НА БАЖЕ ИЛИЈОСКИ ВО ПОБЕДАТА ОД 3-0 ПРОТИВ РЕНОВА…

Се вчитува...