ЕКИПА во Будимпешта,
Билјана Б.Петрушева, Игор Паневски
Драгана Цвијиќ и Кристина Неагу минаа ѕвездени мигови во дресот на Будуќност, со црногорскиот клуб стигнаа и до титулата европски првак, но дојде времето за разделба. „Малото финале“ денеска во Будимпешта воедно беше и последен меч за нив во ЛШ во дресот на црногорскиот шампион, па и Цвијиќ и Неагу не можеа да ги сокријат солзите по последниот свиреж на сирената во арената „Ласло Пап“.
Само за потсетување, Цвијиќ по завршувањето на сезонава ќе дојде како суперзасилување во Вардар, додека Неагу се враќа во татковината и од следната сезона ќе го носи дресот на ЧСМ Букурешт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА