Вардар многу брзо го навести славјето за официјализирање на новата шампионска титула, откако по само 30 минути игра поведе со 3-0 на пресметката против Македонија ЃП во 32. коло од ПМФЛ на „Телеком арената“.
Уште во 5. минута „црвено-црните“ поведоа со голот од пенал на Дејан Блажевски, откако Барсегјан беше соборен во гостинскиот шеснаесетник од Чешмеџиев…
А, во 16. минута Бобан Николов постигна прекрасен погодок веќе за 2-0, со што Вардар и тоа како рано денеска си ја заврши очигледно задачата…
И во 32. минута на 3-0 зголеми Дамир Којашевиќ, по убавата акција по десната страна на Брдаровски…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА