Миодраг Божовиќ повеќе не е тренер на Црвена звезда откако искусниот стратег самиот си поднесе оставка по вчерашниот разочарувачки пораз од Вождовац со 3-2. Овој неуспех значеше и огромно намалување на шансите за титулата ако се знае дека „црвено-белите“ на три кола до крајот имаат три бода заостанување зад лутиот ривал Партизан.
„Од овој момент повеќе не сум тренер на Црвена звезда. Смеам дека тоа е сосема нормално со оглед на резултатите во последно време, за кои јас сум најодговорен од сите. Тренерот треба да биде чесен кон себе и кон сите, па кога ќе дојде време за разделба тој самиот да си замине, како господин“ – ијави Божовиќ на денешната прес-конференција.
Раководството на „црвено-белите“ најверојатно ќе именува само привремен тренер за последните три кола од сезоната, бидејќи за почетокот на следниот месец е закажан избор на нова управа, по што ќе биде избрано и перманентно решение за улогата шеф на стручниот штаб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА