ЕКИПА во Будимпешта,
Билјана Благоеска Петрушева, Игор Паневски
Бекот на Вардар, Татјана Хмирова, ќе може да игра во големото финале на Лигата на шампионите, утре против Ѓер, откако ЕФХ донесе одлука да не ја казни дополнително по црвениот картон што го доби на денешниот полуфинален меч со ЧСМ Букурешт.
Таа пред самиот истек на првото полувреме беше исклучена, а покажаниот син картон потоа и значеше дека нејзиниот настап ќе зависи од дополнителната одлука на Дисциплинската комисија при ЕХФ. Сепак, донесена е вистинската одлука за Вардар и за самата ракометарка и таа ќе може да биде во составот за утрешниот финален дуел со домаќинот Ѓер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА