ЕКИПА во Будимпешта,
Билјана Б.Петрушева, Игор Паневски
Трите разочарувачки порази од претходните години послужија како мотивација – па Вардар денеска одигра перфектен натпревар. Му вратија мило за драго на ЧСМ во меч што многу наликуваше на оној ланскиот, но со променети улоги на тимовите, „вардарки“ најпрвин поведоа со 7-1 како што тоа беше случај минатиот мај со ЧСМ Букурешт, потоа и со 14-7, за во второто полувреме рутински да го контролираат темпото.
Импресивен е резултатот и лесната победа, но уште поимпресивна е играта, со која „црвено-црните“ ја покажаа одликата на најголемите – да играат најдобро кога е најважно. Сега кога менталната блокада по серијата полуфинални порази е надмината, нема причина за ново идентично издание и утре против Ѓер. А доколку тоа се случи, доколку Вардар повторно одигра на денешното ниво, јасно е дека и унгарскиот ракометен џин ќе биде на мака да го најде патот до мрежата на Лејно, но и да ги запре Пенезиќ, Лекиќ, Лакабрер…
Вардар покажа дека е тим за високи дострели, утре треба да докаже дека е зрел и за искачување на врвот на ракометна Европа.
[new_royalslider id=”625″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА