Вардарки на 30 минути до финале: Го растурија ЧСМ за едно полувреме (21-13)

ЕКИПА во Будимпешта,

Билјана Благоеска Петрушева, Игор Паневски

Ракометарките на Вардар играат фуриозно прво полувреме на полуфиналниот дуел против ЧСМ Букурешт и водат со 21-13, на Ф4 турнирот во Будимпешта. „Црвено-црните“ девојки победоа со 7-1, идентично како што ЧСМ Букурешт оствари водство минатата година во полуфиналето.

vardar - csm 2

По ова беше многу полесно, Вардар продолжи да игра фантастично во нападот, а голманката Суслина одбрани три седмерци во серија, разбивајќи ја секоја надеж за романскиот тим. Вардар имаше и фантастични 20-9, но романскиот тим успеа намали до крајот на полувремето на 21-13.

Вардарки се на 30 минути до историја, конечно да се пласираат во големото финале од Лигата на шампионите…

Се вчитува...