Манчестер јунајтед оствари триумф (0-1) на гостувањето во Виго против Селта во првиот полуфинален натпревар од Лигата на Европа. Маркус Рашфорд го реши натпреварот со фантастично изведен слободен удар, а португалскиот стратег смета дека неговиот тим заслужил и поубедлива победа според прикажаната игра.
„Победивме, и тоа е добро, исто како и фактот дека не примивме погодок. Но, останува впечатокот дека требаше да победиме и поубедливо според шансите што ги создадовме. Сега треба да ја дозавршиме работата во Манчестер, иако мора сите да сме свесни дека ништо уште не е готово. Имаме предност, но еден гол може да промени многу работи“, изјави Мурињо.
Тој го пофали и Маркус Рашфорд, велејќи дека младиот напаѓач е посветен на работата и тренинзите, и тоа му дава резултати.
„Маркус е младо момче кое е вљубено во фудбалот. Тој останува најмалку половина час после секој тренинг и дополнително тренира слободни удари. Тоа си носи резултати“, дополни Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА