Вашингтон убедливо со 116-89 славеше против Бостон во третиот меѓусебен натпревар од полуфиналната НБА плејоф серија на Истокот, притоа намалувајќи на 2-1 во победи.
Но, она што го одбележа мечот сигурно е тепачката меѓу Оубре и Олиник, но и дури осумте технички и тројца исклучени играчи на натпреварот. Секако, еден од исклучените беше и Џејар Оубре, кој се впушти во судир со противничкиот кошаркар и заслужено го напушти теренот.
Иако и претходните две средби беа жестоки, ниту една не може да се спореди со онаа од синоќа во Вашингтон. Технички најпрво добиија Махинми и Јеребко, потоа беше Оубре исклучен, а во последниот период технички добија и тренерите Стивенс и Брукс…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА