Кошаркарите на Голден стејт најавија сигурен пат кон финалето од Западната конференција откако славеа со 115-104 против Јута и во вториот натпревар, па сега поведувајќи со 2-0. Вашингтон, пак, на свој терен победи со Бостон со убедливи 116-89 и намали во серијата на 2-1.
Голден стејт до триумфот беше предводен од Кевин Дурант со 25 поени и 11 скока, а одлични беа и Стеф Кари со 23 поени како и Грин со 21 поен. Томпсон мечот го заврши со 14 постигнати поени.
Вашингтон стигна до првата победа во серијата со Бостон, на мечот на кој најдобар беше Џон Вол со 24 поени, а одлични беа и Бојан Богдановиќ со 19 поени и 10 скока, како и Гортат кој дуелот го заврши со „дабл-дабл“ од 13 поени и 16 скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА