Тотална доминација на Академија Пандев: И младинците преку Вардар до финале во Купот!

Академија Пандев комплетно доминира сезонава на домашната сцена во младинските категории од домашниот фудбал.

Откако финале во Купот вчера изборија кадетите, а претходно и генерацијата на фудбалери родени во 2003 година, денеска финале во најмасовното домашно клупско натпреварување „пандевци“ изборија и во младинска конкуренција.

Академија Пандев е првиот финалист во младинскиот Куп на реванш полуфиналниот натпревар одигра 1-1 против Вардар во Скопје. На првиот дуел во Струмица, Академија Пандев славеше со 2-0. Вардар денеска поведе со голот на Даци, но за струмичани израмни Мишов.

Во финалето струмичката екипа ќе се сретне со подобриот од втората полуфинална двојка меѓу Милано и Работнички.

Се вчитува...