Исландската репрезентација попладнево го одржа единствениот тренинг во СЦ „Борис Трајковски“ пред утрешниот квалификациски меч со Македонија. Селекторот Геир Свенсон е свесен дека пред неговата селекција е голем предизвик и се надева дека Исланд ќе прикаже добра игра и нема да дозволи да потпадне под притисокот од трибините при атмосферата што ќе ја направат македонските фанови.
„И двете селекции сакаат да победат, тоа е сигурно. Ќе биде тежок меч, знаеме каква е атмосферата во Скопје. Салата сигурно ќе биде исполнета до последно место, навивачите ќе сакаат да им помогнат на македонските играчи, но ние ќе бидеме подготвени за да одиграме квалитетен меч. Среќни сме што го имаме Арон Палмарсон во тимот, се надеваме дека ќе одигра онака како што знае и умее и ќе ни помогне да стигнеме до позитивен резултат. И утрешниот дуел, исто како и оној следниот во Рејкјавик, ќе биде многу тежок, ние мораме да покажеме дисциплина во игра“ – истакна Свеирсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА