Вардар по првото полувреме има предност од 1-2 на гостувањето против штипска Брегалница во 31. коло од ПМФЛ.
„Вардарци“ дојдоа до предност со убавиот гол на Дарко Велковски со глава, по нафрлањето на Фелипе, уште во 10. минута од средбата…
На 0-2 зголеми Дејан Блажевски од пенал во 31. минута, по прекршокот врз Бобан Николов…
А, домашните намалија на 1-2, исто така од пенал, преку капитенот Горан Здравков, откако претходно со рака во гостинскиот шеснаесетник играше Дарко Велковски…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА