Тоти му кажува збогум на фудбалот

Еден од најдобрите италијански фудбалери на сите времиња, Франческо Тоти, на крајот од оваа сезона ќе стави крај на својата кариера. Ветеранот сезонава премногу ретко добиваше шанса кај Лучијано Спалети, а новиот спортски директор Мончи обелодени дека очекува во следната сезона да го има Тоти крај себе како дел од управата на „римската волчица“.

Колку што јас знам, постои договор меѓу Тоти и клубот ова да биде негова последна сезона како играч, а летово да стане директор. Тоа е одлична работа, ќе ми биде мило да имам таква фудбалска легенда кај себе во клубот. Франческо Тоти е Рома, сакам да бидам што поблизок до него, да научам барем еден процент од она што тој го знае за фудбалската игра“ – полн е со комплименти Мончи за големината на актуелниот капитен.

Тоти веќе наполни 40 години и самиот најави дека наскоро ќе ја заврши кариерата, а за очекување е Лучијано Спалети да го стави во првиот тим на Рома на последниот меч сезонава, на 28 мај на домашен терен против Џенова.

Се вчитува...