Вардар може да завери титула во Штип, Ренова во налет…

Вардар е убедливо на врвот на табелата, со 12 бода предност во однос на Шкендија, па доколку денеска слави во Штип против Брегалница, а Шкендија загуби на гостувањето во Прилеп, може и официјално да се промовира во старо-нов шампион на Македонија. „Црвено-црните“ одат меч по меч, и како што вели Дамир Којашевиќ, се фокусираат единствено на натпреварот со Брегалница.

„Среќни сме за триумфот над Победа, но сега тој натпревар треба да го заборавиме затоа што веќе не очекува нов меч во првенството против Брегалница. Фокусирани сме само кон тој дуел и очекуваме нови три бода. Знаеме дека сме блиску до остварување на целта, до првото место и до нова титула, меѓутоа мораме на секој натпревар до крајот на сезоната да одиме на победа и да имаме што повеќе бодови до крајот на сезоната. Нема да застанеме тука, одиме на триумф. Играме со противник кој што се бори за својот опстанок, и сигурно дека ќе сака да земе некој бод, меѓутоа се надевам дека со ангажирана игра нема да го дозволиме тоа и дека ќе победиме“, изјави Којашевиќ.

Покрај битката за опстанок во прволигашкото друштво, тоа што го одржува интересот во нашиот македонски фудбал е борбата за излез на европската сцена. Денеска на „Телеком Арена“ (16 часот) ќе се одигра уште еден возбудлив меч меѓу Работнички и Пелистер, конкурентите за третата позиција. Засега „романтичарите“ имаат четири бода предност, но избраниците на Виктор Треневски влегоа во мала резултатска криза и освоија само два бода во последните три натпревари, додека Пелистер ја стои негатвата освојувајќи седум во истиот период.

Ренова има 42 бода, шест помалку од Работнички, но нанижа три победи во последните четири кола, а очекува нови три бода и денеска, на дуелот на домашен терен против Шкупи. Гостите од Чаир доаѓаат „десеткувани“, без првиот голман Суад Зендели и Бесар Исени, а повредени се Јасир Асани, Емануел Бајрами, Димитрија Лазаревски и Муарем Бајрами. Ова значи дека тренерот Ардијан Нухиу ќе биде на големи маки при составувањето на тимот.

Лидерот Вардар гостува во Штип против Брегалница, додека Шкендија оди на мегдан на Победа. Во Ѓорче Петров, Македонија ЃП го пречекува Силекс.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 31.КОЛО, ДЕНЕСКА – 16 ЧАСОТ

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕРПОБЕДА – ШКЕНДИЈАБРЕГАЛНИЦА – ВАРДАРРЕНОВА – ШКУПИМАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС

Се вчитува...