Голден стејт рутински со Јута, Ајзеа Томас со 53 поени го одбрани Бостон

Кошаркарите на Голден стејт поведоа против Јута во полуфиналето на Западната конференција, додека Бостон поведе со 2-0 на дуелот со Вашингтон на Истокот.

Вориорси славеа со 106-94 против Јута, рутински стигнувајќи до триумфот кој го најавија од самиот почеток. Најефикасен во победничкиот тим беше Стеф Кари со 22 поени, 7 скока и пет асистенции, додека Кевин Дурант постигна 17 поени. Дрејмонд Грин имаше 17 поени, дополнети и со 8 скока и 6 асистенции, а Клеј Томпсон – 15 поени.

Во составот на Јута, кои одиграа слава напаѓачка партија, се истајна Руди Гобер со 13 поени и 8 скока.

Многу повеќе драма имаше во „ТД Гарден“ каде Бостон славеше по продолжението против Вашингтон со 129-119, најмногу благодарение на Ајзеа Томас. Плејмејкерот на Бостон, по ужасната трагедија и смртта на неговата сестра, полека почнува да се враќа во форма а тоа го потврди постигнувајќи 53 поени, за нов рекорд на кариерата.

Ајзеа имаше и по четири скока и асистенции, а две слободни фрлања постигна на 14 секунди пред крајот на регуларниот дел за израмнување и продолжение, за да во дополнителните пет минути од 15 поени на својот тим, тој самиот постигне 9. Така стана втор кошаркар на Бостон во последните 20 години кој успеал во последната четвртина од плеј-оф меч да постигне повеќе од 20 поени. Пред него тоа му успеа на Пол Пирс во 2003 година.

Томас најдобро го следеше Ал Хорфорд со 15 поени и 12 скока, а Бредли дополни со 14 поени. Во редовите на Вашингтон феноменална партија пружи Џон Вол кој мечот го заврши со 40 поени и 13 асистенции, но тоа не беше доволно против извонредниот Ајзеа.

Се вчитува...