Атлетико Мадрид за првпат сезонава прими три гола на еден натпревар од Лигата на шампионите, доведувајќи се во невозможна мисија на реваншот на „Висенте Калдерон“ што ќе се игра следната среда. Капитенот Габи не го криеше разочарувањето откако „јорганџиите“ потфрлија на вечерашното полуфинале, правејќи грешки што не се вообичаени за тимот на Диего Симеоне во последните неколку сезони.
„Премногу брзавме при градењето на акциите, не се игра така против Реал Мадрид и на крајот ја плативме цената. Секако дека сме разочарани, можевме и моравме многу подобро, но бевме далеку од своето вообичаено ниво. Нема да се откажеме, ќе дадеме се од себе на реваншот, но јасно е дека ќе биде многу, многу тешко“ – изјави Габи веднаш по вечерашниот пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА