Реал Мадрид вечерва го пречекува Атлетико Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите, а претседателот Флорентино Перез навреме ги мотивираше „кралевите“ за да одиграат на врвно ниво. Роналдо, Рамос и другарите ќе добијат дополнителни премии од 1,5 милиони евра по играч, ако Реал Мадрид оваа сезона успее да ги освои трофеите во Лигата на шампионите и во Примера.
„Кралскиот клуб“ ќе се обиде да стане првиот клуб што ќе ја одбрани титулата во ЛШ, а мотивите се огромни и да се одземе трофејот од рацете на Барселона во шпанското фудбалско првенство. Во моментот, битката бодовно е израмнета, но Реал Мадрид има одиграно еден натпревар помалку од Барселона, на три кола до крајот на шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА