Вардар против Барселона во второто полуфинале

По ждрепката со која беа одредени полуфиналните двојки, Европската ракометна федерација ги објави и термините за двете полуфиналиња на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите во Келн.

Вардар ќе игра против Барселона во вториот полуфинален дуел на 3 јуни во „Ланксес Арена“ со почеток од 18 часот. Пред тоа, од 15.15 часот ќе се одигра дуелот меѓу ПСЖ и Веспрем.

Наредниот ден, на 4 јуни од 15.15 часот е мечот за 3.место, а во 18 часот почнува финалето за шампионската титула.

Се вчитува...