Пеп Гвардиола за првпат во својата тренерска кариера ќе остане без трофеј оваа сезона, но почувствува дека и не е така лесно да се биде менаџер во Англија. Иако Манчестер сити е еден од финансиски најмоќните клубови во Европа и светот, сепак, „граѓаните“ не успеаја оваа сезона да покажат завидни резултати. Но, тоа нема да го поколеба Гвардиола да продолжи со напорна работа и да создаде многу поконкурентен тим ова лето.
Шпанскиот стратег ќе прави многу промени, а меѓу нив и на левата странична позиција. Таму го посакува Алекс Сандро, офанзивниот лев бек на италијанскиот првак Јувентус. Тој од 2015 година е член на „старата дама“, а дојде од редовите на Порто. Бразилецот досега одигра 46 натпревари за Јувентус и постигна четири гола.
За него Манчестер сити е подготвен да плати 25 милиони евра и да го доведе на „Етихад“ во летниот преоден рок. Останува да се види одговорот на „старата дама“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА