Македонскиот интернационалец Агим Ибраими сосема неочекувано веќе подолг период е во немилост на казахстанската Астана.
Казахстанците си поигруваат со фудбалската судбина на Ибраими, воопшто не дозволувајќи да се приклучи на првиот тим оставајќи на изолирани индивидуални тренинзи, но не дозволуваат ниту негово заминување од клубот.
Ибраими во поопширно интервју за словенечката „Екипа24“ потврдува дека има понуда за продолжување на кариерата во љубљанска Олимпија, но останува да се види дали во летниот период сето тоа ќе се реализира.
„Да, имам добра понуда од Олимпија. Што ќе направам со тоа? Не знам… Но, ќе ви кажам што ќе направам ако добијам понуда од Марибор“ – вели Ибраими, притоа алудирајќи и на лошата разделба со Марибор по конфликтот со Златко Заховиќ.
Сепак, можноста да се пресели во Олимпија зависи од неколку фактори…
„Останува да се види како ќе се одвиваат работите и во Астана, па потоа ќе може да зборуваме за поконкретни нешта“.
Во интервјуто за „Екипа24′, Агим Ибраими се осврнува и на периодот во Марибор, конфликтот со Заховиќ, актуелната незавидна ситуација во Астана и крајно ужасниот однос од Казахстанците. Нагласувајќи дека сепак се ќе издржи и ќе се врати уште посилен на терените!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА