Со вчерашното реми од 0-0 против градскиот ривал Манчестер сити, Жозе Мурињо изедначи рекорд на сер Алекс Фергусон од сезоната 2010/2011. Екипата на португалскиот стратег по овој натпревар останува непоразен на последните 24 меча во Премиер – лигата, исто колку што имаше и составот на Фергусон во шампионската сезона кога ја освоија 19. титула во лигата. Сепак, сега на позицијата на табелата во англискиот шампионат е далеку од самиот врв.
Јунајтед сезонава е често критикуван поради неубедливата игра, многу нерешени резултати, но и покрај тоа, Мурињо руши рекорди. „Ѓаволите“ ќе имаат шанса да постават нов рекорд во следниот меч против Свонси на домашен терен.
Доколку го споредиме успехот на тимот од сезоната 2010/2011 со овогодинешниот состав на португалскиот стратег, избраниците на Фергусон таа година ја освоија лигата и играа финале против Барселона во Лигата на шампиони, додека оваа година Јунајтед се бори за четвртото место кое води во квалификации за ЛШ, а игра и полуфинале во Европа лигата против Селта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА