Кошаркарите на Реал Мадрид им вратија мило за драго на своите ривали од Дарушшафака, славејќи во Истанбул со 81-88 и на тој начин реванширајќи му се на турскиот тим за неочекуваниот пораз во шпанскиот главен град минатиот петок.
„Кралевите“ не дозволија ново изненадување, доминирајќи во текот на целиот натпревар. По првата четвртина резултатот гласеше 17-26, по што Реал во третиот период поведе и со огромни 19 поени разлика. Домашниот тим почна да погодува од далечина и успеа сериозно да се приближи, но при резултат 74-77 значајни поени постигна Лука Дончиќ. Реал повторно доби на самодоверба во играта во напад, кога беше најпотребно два напади реализираше Љуљ, па „кралевите“ заслужено го добија овој меч со 81-88, за водство од 2-1 во оваа четвртфинална серија.
Керол погоди пет тројки во низа и со 21 поен беше најефикасен кај „кралскиот клуб“, Ајон го заврши мечот со 18 поени, додека кај Дарушафака најефикасен беше Жижиќ со 20 поени.
Четвртиот дуел меѓу овие две екипи се игра во Истанбул в петок, а евентуалната мајсторка би
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА