Ливерпул си ја отежна задачата за пласман во Лигата на шампионите со поразот на „Енфилд роуд“ од Кристал Палас, но менаџерот Јирген Клоп е уверен дека неговиот тим ќе успее да го сочува третото место на табелата кое води директно во елитното европско клупско натпреварување. Тој веќе размислува и за засилување на одбраната за настап во ЛШ, а негова голема желба е дефанзивецот на Саутемптон, Вирџил ван Дијк.
Холандскиот интернационалец игра одлична сезона во Премиер – лигата и за него се заинтересирани неколку големи клубови, но Јирген Клоп се надева дека ќе успее да го доведе на „Енфилд роуд“ за сума од 50 милиони фунти. Половина од овие пари ќе треба да се обезбедат со продажбата на Мамаду Сако, кој е играч на Ливерпул, а овие шест месеци настапува за Кристал Палас.
Покрај Ливерпул, за Вирџил ван Дијк се заинтересирани и Челси, Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Евертон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА