По големото разочарување на „Ел Класико“ фудбалерите на Реал расположението си го поправаа со една од најголемите холивудски актерки, Џулија Робертс.
Славната Американка во живо го гледаше „Ел Класико“, а по мечот отиде во соблекувалната на Реал да ги запознае играчите.
Се фотографираше со Серхио Рамос, Марсело, Кристијано Роналдо, Зидан, Лука Модриќ и доби дрес со број 1 од Реал..
„Ах, навистина сум возбудена, ова е прекрасно. Целото семејство сме тука…“ – истакнала во еден момент Џулија при посетата на соблекувалната и додаде за официјалната страница на Реал:
А, кога веќе беше на „Сантијаго Бернабеу“, Џулија Робертс не можеше а да не тркне и до соблекувалната на Барселона, а да има фотографија со Лионел Меси…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА