Најдобриот ракометар на Фленсбург од првиот меч со Вардар, Јохан Јакобсон, се чувствува подобро по грубиот старт на Мораеш и ќе биде во можност да настапи и на реваншот во Скопје што е на програмата задутре во салата СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Шведскиот ас постигна шест погодоци, но потоа го пропушти финишот од средбата по стартот на Бразилецот на Вардар. Тренерот Врањеш по мечот изјави дека сезоната најверојатно е завршена за одличниот десен бек, но директорот Дирк Шмешке донесе позитивна вест за фановите на Фленсбург.
„Зборував со Јакобсон и тој се чувствува многу подобро отколку по натпреварот. Има главоболка, ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата, но се надеваме дека ќе може да игра на реваншот со Вардар“ – изјави Шмешке за германските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА