Рамос загуби глава, па доби црвен картон (видео)

Серхио Рамос беше премногу нервозен во второто полувреме од големото дерби, па на петнаесетина минути до крајот доби и директен црвен картон поради опасниот старт врз Лионел Меси. Капитенот на Реал претходно влезе во конфликт со судијата протестирајќи на една негова одлука, за потоа да тргне опасно, со лизгачки старт со две нозе врз Меси.

Тој очекуваше само жолт картон, но судијата му го покажа патот кон соблекувалните, по што Барса со огромна предност од 1-2 и фудбалер повеќе влезе во последните десет минути од големото дерби.

Sergio Ramos RED CARD – Real Madrid vs FC… by bestfootballtv

Се вчитува...