Марк Маркез ја продолжи својата доминација во Остин откако Шпанецот стигна до својата петта победа во низа на оваа патека во Мото ГП шампионатот. Тој ја искористи големата грешка на својот голем ривал, Маверик Вињалес, кој излета од патеката веќе во вториот круг, па Маркез со одлично возење сосема заслужено се искачи на највисокото место на пиедесталот.
Незадоволен од денешната трка може да биде Дани Педроза, кој водеше во првиот дел, но на крајот мораше да се задоволи само со третата позиција откако пред самиот финиш беше минат и од Валентино Роси.
„Докторот“ Роси со оваа втора позиција се искачи на чело во генералниот пласман, со шест бода предност во однос на второпласираниот Вињалес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА