Кошаркарите на Голден стејт го совладаа Портланд со 119-113 на гостувањето на тој начин доаѓајќи до предност од 3-0 во НБА плејоф серијата.
Натпреварот го реши Стеф Кари кој одигра фантастична последна четвртина. Домашните во првото полувреме имаа предност и од 17 поени, а на полувреме заминаа со предност од 67-54. Но потоа следи големото враќање на Вориорси кои на почетокот од последниот период доаѓаат до водство, и кога се влезе во неизвесна завршница на сцена стапи Кари кој постигнува тројка за седум поени предност со што беше решено прашањето на победникот.
Голден стејт беше предводен од Стеф Кари со 34 поени и осум асистенции, Клеј Томпсон постигна 24 поени, а Андре Игудала постигна 16 поени. Кај Портланд се истакна МекКалум со 32 поени и шест скока. Демиан Лилард дополни со 31 поен, 7 скока и четири асистенции.
Четвртиот натпревар меѓу двата тима се игра во вторник (25. април) од 4:30 часот по средноевропско време.
Jusuf Nurkić protiv Warriorsa (23.4.2017) by goloviliga
Кошаркарите на Мемфис, пак, славеа на домашен паркет против Сан Антонио со 110-108 по продолжение и на тој начин ја израмнија серијата на 2-2.
Во неизвесен меч, домашните славеа најмногу благодарение на фантастичната партија на Мајк Конли кој заврши со 35 поени, и со 9 скока и 8 асистенции.
Од другата страна извонредна ноќ имаше Каваи Леонард кој постигна 43 поени, соборувајќи го својот рекорд кога се во прашање натптреварите од плеј-офот. Но, тие не беа доволно Сан Антонио да се извлече од пораз.
Мечот го реши Марк Гасол со кошот во последната секунда од продолжението. Марк Гасол мечот го заврши со 16 поени и 12 скока.
Серијата меѓу двата тима продолжува на 26 април од 1 часот по средноевропско време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА