МЗТ Скопје и Карпош соколи беа во преден план пред стартот на сезоната во Супер-лигата, но Работнички уште еднаш покажува дека никако не смее да биде отпишан од трката за највисок пласман. Начинот на кој трофејниот клуб се справи со актуелниот шампион, доминирајќи во текот на сите 40 минути е само уште еден доказ за квалитетот и искуството на овој состав, во кој „старите волци“ имаат богат апетит за надигрување и победување, особено против ривали што на хартија се посилни од нив.
До крајот на Супер-лигата има уште две кола, а потоа во плејофот ќе почне вистинската битка. А таму Работнички може да биде многу, многу опасен.
[new_royalslider id=”605″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА