Работнички имаше двоцифрена предност во третата четвртина од дуелот со МЗТ Скопје, но домашните навивачи сепак направија инцидент, по што добија „последна опомена“ пред празнење на салата.
Во периодот кога текот на играта беше во корист на тимот на Марин Докузовски, членовите на Сити парк бојс ја нарушија серијата на својот тим. Веднаш следеше опомена од официјалниот спикер, за капитенот Димитар Мираковски да се упати пред навивачите и буквално да ги моли да не се прават тензии.
Останува да е надеваме дека натпреварот сепак ќе се доигра со публика, без да дојде до несакано празнење на салата „Градски парк“, која за овој дерби натпревар не е исполнета до последно место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА