Тимот на ЛА клиперс синоќа забележа значајна победа на гостувањето против Јута но прескапо го плати тој триумф со тешката повреда што ја заработи Блејк Грифин. Тој поради болка во пределот на палецот мораше да се упати кон соблекувалната и во второто полувреме воопшто на се врати на теренот, а деталните лекарски прегледи ги потврдија стравувањата дека повредата воопшто не е наивна, а Грифин нема да може да се врати на терените до крајот на оваа натпреварувачка сезона.
„Повредата на Грифин е многу сериозна и тој сигурно нема да може да настапува за нашиот тим до крајот на плејофот. Тој ќе замине на преглед кај специјалист во Лос Анџелес, по што ќе се знаат повеќе детали околу периодот на рехабилитација“ – се вели во соопштението на ЛА клиперс.
Тимот на ЛА клиперс по три одиграни средби има предност од 2-1 во плејоф серијата против Јута џез, а четвртиот натпревар на програмата повторно е во Солт лејк сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА