ЛЕ: Шпански предизвик за Јунајтед, Ајакс против Лион

Англискиот клуб Манчестер јунајтед ќе ги одмери силите против Селта во полуфиналето на Лигата на Европа. Првиот меч ќе се игра во Виго на 4.мај, а реваншот седум дена подоцна на „Олф трафорд“.

Холандскиот тим Ајакс за противник го доби францускиот Лион. Првиот дуел ќе се игра во Амстердам, а возвратниот натпревар ќе биде во Франција.

Финалето на Лигата на Европа ќе се игра на 24.мај во Стокхолм.

ПОЛУФИНАЛЕ НА ЛИГАТА НА ЕВРОПА

СЕЛТА – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

АЈАКС – ЛИОН

Се вчитува...