Поранешниот македонски репрезентативец Николче Новески, како што е познато, се „закити“ со УЕФА А – лиценца преку која го активира патот кон тренерски ангажман во иднина.
Во разговор за официјалната интернет страница на својот поранешен клуб, германскиот Мајнц, Новески потенцира дека А лиценцата за него е можност за активирање на тренерска кариера, иако се уште не е до крај решен дали тоа ќе биде дефинитивната негова идна занимација…
„Доби УЕФА А лиценца, меѓутоа тоа не значи дека донесена е дефинитивната одлука во иднина да бидам тренер. Тоа е само како уште една можност преку која и натаму би останал во фудбалот. Но, да бидам искрен во иднина се гледам можеби и како скаут на млади таленти“ – вели Новески.
Факт е, од друга страна, дека на македонскиот фудбал повеќе од неопходни му се имиња како Николче Новески на клупите на домашните клубови, наспроти бројните анонимни странци за кои Македонија е еден вид станица за подучување. Новески претходно имаше понуда и да се вклучи во стручниот штаб на македонската репрезентација заедно со Игор Ангеловски, но сепак се одлучи да не ја прифати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА